Ловрен повторно на агендата на Милан

by
1 минути читање

Доколку Матиа
Калдара не се врати од повредата во брз период, „Тутоспорт“ пренесува дека
Милан повторно ќе се врати по Дејан Ловрен од Ливерпул.

Калдара подолг
период мака мачи со повредите, практично тоа се случува уште од самиот негов трансфер
од Јувентус во Милан ланското лето за сума од 35 милиони евра, а сите тие
проблеми го ограничија на само два настапи во дресот на „Росонерите“.

„Тутоспорт“ тврди
дека во случај Калдара да не даде никакви гаранции околу загрижувачката состојба
кај него на физички план, во тој случај клубот ќе има нови обиди да се засили
со Ловрен, откако претходните изминатото лето беа неуспешни.

Милан се обиде да
го ангажира Ловрен и постоеа позитивни сигнали за такво нешто, истото го стори
и Рома, меѓутоа Хрватот на крајот остана на „Енфилд“ и како за потсетување тој
посочи дека неговиот тренер Јирген Клоп бил одлучен во тоа дека Ловрен му е
потребен во составот.

30 годишниот дефанзивец
игра за Ливерпул од 2014. година па наваму, но оваа сезона нема некој голем
допринос и јасно е дека е „резервна“ опција во плановите на Клоп, реализирајќи
само четири настапи оваа сезона. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×