Трета среќа за Атлетико Мадрид, „Јорганџиите“ се распрашуваат за Ракитиќ

by
1 минути читање

„Марка“ известува
дека Атлетико Мадрид веќе стапил во контакт со Барселона околу потенцијален
трансфер на Иван Ракитиќ за идната сезона.

Хрватот извесен
период се наведува дека е на излезна врата од „Камп Ноу“, а веќе ја загуби
улогата на редовен стартер во тимот на Каталонците предводен од Ернесто
Валверде.

Во Шпанија
пренесуваат дека Ракитиќ одлично би се вклопил во идеите и плановите на Диего
Симеоне, а „Јорганџиите“ од претходно два пати имаа обиди да дојдат до неговиот
потпис, меѓутоа истите беа неуспешни.

Првиот обид на
Атлетико беше во периодот кога Ракитиќ го напушти Шалке 04 и се пресели во
Севиља, а вториот во периодот кога го напушти и тој клуб за да потпише за
Барселона.

„Марка“ наведува
дека Ракитиќ нема ништо против идејата да го напушти тимот на Барселона за да
се пресели во Атлетико Мадрид, меѓутоа постојат и други клубови кои се
заинтересирани за неговиот потпис, како Интер кој се наведува како еден од
најсериозните кандидати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×