Според
информациите кои ги објави „РМЦ“, се вели дека Марко Верати ќе ја продолжи
соработката со францускиот првак ПСЖ, клуб за кој настапува од 2012. година па
наваму.
„РМЦ“ тврди дека
Верати веќе се договорил со клубот и наскоро ќе биде официјализирана веста за неговиот
нов договор со ПСЖ кој ќе биде со важност до 2024. година, актуелниот истекува
во 2021. година.
26 годишниот
Италијанец во ПСЖ дојде од редовите на Пескара, а никогаш не играше во „Серија
А“ во неговата кариера, иако постојано се поврзуваше со можен трансфер во тимот
на Јувентус во текот на годините.
Верати досега
забележа 191 настап во дресот на ПСЖ, притоа постигнувајќи и 5 погодоци, за
Италија пак има 36 настапи на кои има и 3 погодоци.