Фудбалерот од
средниот ред неодамна се врати да живее во Торино со семејсвото по авантурата
во Зенит, и многу брзо доживеја непријатна епизода.
Медиумите од
Италија пренесуваат дека Клаудио Маркизио синоќа бил ограбен. Четири маскирани
лица влегле во неговиот дом во Виново, впериле пиштол кон него и неговата
сопруга и барале да биде отворен сефот. Крадците си заминале со накит, пари и
часовници, во моментов не е позната вредноста на предметите, но се верува дека
се работи за богат плен.
Полицијата веднаш
била известена, карабинерите ги анализираат снимките од безбедносните камери во
околината и ги бараат криминалците. АНСА пишува дека лицата морале добро да ја
познавале елитната населба во која живее Клаудио Маркизио, како и алармниот
систем на имотот бидејќи лесно влегле и брзо заминале.