212
Интер со три бода се враќа од гостувањето кај Бреша. Избраниците на Конте поведоа во 23. минута, Лаутаро Мартинез погоди на среќа. Аргентинецот биеше од далечина, топката погоди еден дефанзивец на домаќините и го изненади голманот.
Во 63. минута беше 0-2. При една едноставна акција во неколку потега, Лукаку пракрасно пласираше на подалечната статива за радост на гостите.
Но наместо рутински да го приврши мечот, Интер дозволи Бреша да се врати. Шкринијар со автогол ја направи завршницата интересна, избраниците на Конте грвчевито се бранеа во последните минути, но успеаја да одолеат на нападите.