Навивачите на
Ливерпул секако немаат ништо против идејата да се ангажира Килијан Мбапе идната
година, а од таму веруваат пак дека младиот француски напаѓач веќе „флертува“
со Премиерлигашот на социјалните мрежи.
Мбапе
дополнително ги подгреа шпекулациите дека би можел да се пресели на „Енфилд“ по
тоа што го стори на социјалните мрежи, откако лајкна фотографија на Мохамед
Салах по победата над Тотнем во дербито изминатиов викенд со 2-1.
Хаштагот „Мбапе2020“
стана вирален на социјалните мрежи, особено на „Твитер“, само неколку часа
откако Премиерлигашот го доби судскиот спор со „Њу Баланс“ а со тоа ги отвори
вратите за влез на спонзорите на Мбапе, гигантот за спортска опрема „Најк“.
Како и да е,
останува прашањето колку очекувањата и желбите кај навивачите на „Редсите“ се
сепак реални, од поодамна е познат интересот од страна на Реал Мадрид за
услугите на 20 годишниот напаѓач кој веќе на големо се шпекулира дека би можел
да си замине од ПСЖ во блиска иднина.