Пјер-Емерик
Обамејанг би можел да си замине од редовите на Арсенал по крајот на актуелната
сезона, а тоа би можело речиси сигурно да се случи доколку „Топчиите“ не се
квалификуваат за Лигата на шампионите.
Габонецот во
новата сезона постигна седум погодоци во Премиерлигата во десет меча, а освен
тоа постигна и еден гол во двата настапи во Лига Европа, меѓутоа и покрај
неговиот одличен учинок, играта на Арсенал не ветува многу ниту за оваа сезона,
а тој не е единствениот за кого веќе почнаа шпекулации дека би можел да си
замине.
„Мирор“ наведува
дека Арсенал ризикува да ги загуби своите големи ѕвезди во составот, Обамејанг,
но и Александре Лаказет, а „Телеграф“ додава дека има голем притисок во клубот
за да се игра на повисоко ниво, за да се избегне такво сценарио по крајот на
актуелната сезона.
Арсенал со 16
освоени бода се наоѓа на петтото место во Премиерлигата, „Топчиите“ досега
постигнаа 15, а примија дури 14 погодоци, со што останаа големите проблеми во
одбраната со кои оваа екипа се соочува подолг период.