Сари има една посебна забелешка во играта на неговиот Јувентус

by
1 минути читање

Бранителот на
титулата во најсилниот италијански фудбалски шампионат, тимот на Јувентус во
моментов по девет одиграни кола во „Серија А“ е лидер во тоа првенство, со бод
предност во однос на Интер, односно три во однос на Аталанта.

Сепак, има еден
статистички податок кој веројатно не му се допаѓа на Сари воопшто, а тоа е
малиот број на погодоци кој Јувентус го реализираше досега. „Старата дама“ на
девет меча во Италија досега постигна 16 погодоци, а прими 8, за разлика од
Интер кој постигна 20, односно Аталанта 28.

Имаме многу мал
степен на просек во однос на обидите кон голот на противникот, се работи за
статистички податок кој потврдува дека општо земено немаме доволно обиди, од
мое гледиште, тоа е проблем од ментален аспект, поважен од било што во моментов

посочи Сари.

Веќе ги изнесов
моите стравувања околу овој статистички податок пред самите фудбалери, ќе се
обидеме тоа да го поправиме и со посебни вежби на тренинзите, меѓутоа исто така
треба да бидеме доста убедливи пред противничкиот гол
“ рече Сари кој потсети
дека неговиот тим на дефанзивен план е најдобар во Италија.

Ние се уште ја
имаме најдобрата одбрана во „Серија А“. Оваа лига во значителна мера се
промени, просекот на постигнати погодоци кај сите екипи се зголеми на генерално
ниво, а шампионатот е сосема поинаков од претходно
“ заклучи 
Италијанецот.

Што се однесува
пак до примените погодоци во сопствената мрежа, Јувентус заедно со Каљари и
Киево Верона имаат примено најмалку, односно осум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×