Ракитиќ ќе му даде „корпа“ на Интер за трансфер во Милан?

by
1 минути читање

Иван Ракитиќ се помалку е во плановите на Валверде, се чини дека Хрватот би можел да замине од Камп Ноу уште во јануари.

Ракитиќ долго време се поврзува со Интер, но последните информации велат дека и Милан се приклучува во трката.

„Калчомеркато“ и „Газета дело Спорт“ велат дека Милан станува лидер во трката по Ракитиќ.

„Ќе направам се што можам за да помогнам клубот повторно да зачекори по вистинскиот пат. Уверен сум дека ќе ги оствариме нашите цели доколку работиме заедно во тешките моменти“, вели извршниот директор на Милан, Иван Газидис за „Газета дело Спорт“.

„Во моментов, ние сме најмладиот тим во Серија А, но тоа не значи дека нема да инвестираме во фудбалери со искуство покрај кои би можеле да се развиваат младите“.

Фактор во изборот на Ракитиќ може да биде и неговиот сонародник Звонимир Бобан кој може да изврши влијание врз играчот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×