Џака одбил да се извини за недоличното однесување, го чека голема казна

by
1 минути читање

Капитенот на
„топчиите“ го навлече гневот на фановите кога беше заменет на дуелот со Кристал
Палас во неделата, па доби свирежи. Гранит Џака не остана покус, ја стави
раката на уво и им порача на навивачите да „од**бат“. Тој потоа го соблече
дресот и нервозно се упати право во соблекувалната.

Медиумите од
Англија пишуваат дека Унаи Емери му се јавил на Гранит Џака и го советувал да
се извини за недоличното однесување, но Швајцарецот одбил да го стори тоа па
затоа синоќа немаше никакво соопштение.

Унаи Емери имал
средба со техничкиот директор Еду за да се договорат чекорите кои ќе бидат
превземени, а во Лондон на состанок треба да пристигне и агентот на играчот.
Според Тајмс, на Гранит Џака не му бега голема казна и се очекува да биде удрен
по џебот. Останува да се види кваква ќе биде паричната глоба, фудбалерот од
средниот ред заработува околу 100.000 фунти неделно.

Се говореш дека
тој би можел да ја загуби и капитенската лента, но тоа најверојатно нема да се
случи. Фудбалерите на Арсенал, кои минатиот месец го изгласаа Гранит Џака за
капитен, веруваат дека тој треба да продолжи да ја извршува оваа должност и
покрај инцидентот на Емирати.

Во меѓувреме, се
говори дека тројца играчи синоќа го посетиле домот на Гранит Џака за да му дадат
поддршка, но нивните имиња не се откриваат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×