Младиот напаѓач
од поодамна е на радарот на големите клубови, и неговото име се почесто се
споменува откако тој блесна во Лигата на шампионите оваа сезона и постигна
хет-трик на дебито, а ја тресеше и мрежата на Наполи и Ливерпул. Тој стана
првиот играч во историјата кој постигнал шест гола на првите три меча, и само
ги подгреа шпекулациите за богат трансфер.
Последните
информации велат дека Наполи се повлекува од битката, клубот на нашиот Елиф
Елмас смета дека нема шанси за неговиот потпис, очекува норвешкото „чудо од
дете“ да се пресели во Манчестер јунајтед и тоа веќе во јануари.
Голема улога за
ваков трасфер има Оле Гунар Солшер, кој соработуваше со напаѓачот во Молде, и
токму тој му укажа доверба и му овозможи да покаже што може.