Барселона во Манчестер јунајтед доби ривал за Лаутаро Мартинез

by
2 минути читање

Манчестер
јунајтед би можел сериозно да се приклучи во трката за потписот на напаѓачот на
Интер, Лаутаро Мартинез, а освен Премиерлигашот, од поодамна интерес за
Аргентинецот има и Барселона.

„Мундо Депортиво“
минатата седмица пренесе дека откупната клаузула на Лаутаро во договорот со
Интер изнесува 110 милиони евра, а „Калчомеркато“ пак пренесе дека Барселона во
Аргентинецот гледа идеален наследник на Луис Суарез во нападот на подолг рок,
додека пак „АС“ извести дека Каталонците подолг период интензивно го скаутираат
Лаутаро.

„Манчестер Ивнинг
Њуз“ пишува дека Манчестер јунајтед, чиј состав е краток во однос на бројноста
на фудбалерите, би можел да тргне по потписот на Лаутаро, иако „Тутоспорт“
наведе дека во Барселона нема да имаат ништо против за да ја активираат
неговата откупна клаузула.

Гледано од
хронолошки аспект за тоа што пренесоа медиумите на оваа тема, „Кориере дело
Спорт“ овој месец извести дека првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси наводно упатил
совети до клубот да повлечат потег за реализација на трансферот на неговиот
сонародник на „Камп Ноу“.

Шпекулациите
околу интересот од страна на Барселона се точни
“ рече во јули агентот на
Лаутаро, Алберто Јаке.

Меѓутоа, никој
не ни се јавил нам, иако знаеме дека тие постојано го следат, и тоа доста
сериозно. Точно е дека Барселона е заинтересирана за него
“ додаде тој во
својата изјава.

Се верува дека во
Интер постои одредена загриженост околу интересот од Барселона за нивниот фудбалер,
особено во период кога тимот од Милано размислува за нов договор за напаѓачот,
кој би можел да ја зголеми, или евентуално тргне откупната клаузула.

Актуелниот
важечки договор на Лаутаро со Интер има важност до 2023. година, истиот беше
потпишан лани, кога Интер на Рејсинг Клуб му исплати обештетување во висина од
24 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×