Манчестер јунајтед ќе го одврзе ќесето за Санчо?

by
1 минути читање

Младата англиска
ѕвезда од редовите на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо би можел да се врати во
својата земја, но, не во Манчестер Сити, туку во градскиот ривал на неговиот
поранешен клуб, Манчестер јунајтед.

Не е тајна дека
во Манчестер јунајтед од поодамна имаат симпатии кон играта на Санчо, а „Мирор“
пишува дека на „Олд Трафорд“ веќе донеле одлука да се тргне сериозно во обидите
да се дојде до потписот на Санчо.

Според пишувањата
на Островот, се вели дека Манчестер јунајтед е подготвен да испрати понуда од
100 милиони фунти, онолку колку што наводно Борусија Дортмунд бара за својот
фудбалер.

„Милионерите“ го
доведоа 19 годишниот Санчо пред две години од Манчестер Сити за само 8 милиони
фунти, ова за нив би било одлична зделка ако се земат во предвид разните околности,
како и евентуалната желба на Санчо да игра во Премиерлигата.

Санчо веќе
забележа десет настапи за националниот состав на Англија, претходно беше
поврзуван и со Реал Мадрид, а се верува дека во Борусија Дортмунд постои
расположение за да се разгледаат понудите за Англичанецот, кој во август
годинава инаку потпиша нов договор со Бундеслигашот со неделна плата од 190,000
фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×