Поранешната
голема ѕвезда на Интер, како и миленик на навивачите на таа екипа, Алваро
Рекоба испрати предупредување до новиот тренер на „Нероаѕурите“, Антонио Конте,
посочувајќи дека во случај да не го освои Скудетото, би завршил како неговиот
претходник Лучијано Спалети.
Како гостин во тв
шоуто „Тики Така“, Уругваецот смета дека Интер мора да го почувствува ефектот
од промените во својот тим повеќе во однос на Јувентус, потенцирајќи дека нема
никаква логика во тоа да се споредуваат двете екипи.
„Тимот на Интер
не може да се спореди со тој на Јувентус во моментов, настапот во две
натпреварувања ќе донесе замор во тимот, со оглед на составот со кој
располагаат“ рече Рекоба.
„Факторот кој
може да биде одлучувачки во сите 38 натпревари е тоа што тие немаат клупа каква
што има Јуве, сепак, ме изненади пасијата која ја прикажаа навивачите на Интер,
не се сеќавам подолг период на такво нешто“ додаде Уругваецот кој подвлече дека
во случај сезонава да не се прекине десетгодишниот пост од Скудетото, нема да
има никаква разлика помеѓу Конте и неговиот претходник Спалети.
„Секогаш кога
прават промени на тренерската позиција, на фудбалерите им се зголемува
самодовербата, доколку Конте не го освои Скудетото, тој ќе биде ист како
Спалети“ заклучи Рекоба.
По девет одиграни кола во „Серија А“, Интер има бод негатива зад лидерот Јувентус, а „Нероаѕурите“ реализираа седум победи и по едно реми и пораз.