Карагер за Ериксен: Тој е добар за Тотнем, но недоволно добар за Реал Мадрид

by
1 минути читање

Поранешниот
капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, кој воедно ја обавува улогата на коментарот
за „Скај Спортс“, во текот на дерби пресметката помеѓу Ливерпул и Тотнем вчера
која домаќинот со пресврт ја доби со 2-1, ги коментираше и случувањата околу
Кристиан Ериксен.

Многумина го
делат ставот дека Ериксен не би променил ништо во Реал Мадрид, односно дека
Данецот не е доволно добар за да настапува за шпанскиот гигант, а кон тие
ставови сега се придодаде и Карагер.

Ериксен е
навистина добар фудбалер за Тотнем, меѓутоа недоволно добар за да игра во
дресот на Реал Мадрид, тој би можел да замине каде што ќе посака, ПСЖ или некој
друг клуб, меѓутоа нема да може да донесе одредени промени во тимот каде што би
заминал
“ рече Карагер.

Ериксен, кој
влезе во финалната година од својот договор со Тотнем кој истекува идното лето,
е желба на повеќе европски гиганти, а најмногу се поврзува со Реал Мадрид,
меѓутоа останува дилемата каква ќе биде конечната одлука на Ериксен кој уште во
јануари може да преговара со заинтересираните клубови за неговите услуги.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×