Ванда открива дека Икарди можел да направи трансфер во големиот ривал на Интер

by
1 минути читање

Сопругата и агент
на Мауро Икарди, Ванда Нара открива дека аргентинскиот напаѓач имал опција да
се пресели во градскиот ривал на Интер, Милан, а таа во својата изјава посочи
дека тоа би било покомфорен избор.

Икарди во летниот
преоден рок отиде на позајмица во ПСЖ, а Ванда тврди дека „Росонерите“ биле
сериозни во своите намери да се засилат со Аргентинецот.

Имавме можност
Мауро да направи трансфер во Милан
“ изјави Ванда за „Тики Така“.

Лично, тоа би
било дури и покомфорен избор, бидејќи тој ќе останеше во Милано, меѓутоа екипа
како ПСЖ беше најдобрата одлука во неговата кариера
“ додаде таа.

Преселбата во
Париз беше комплициран избор според мене, јас само што се вратив од таму, а
утре се враќам повторно. Моите деца се во Париз, меѓутоа ова беше најдобро за
кариерата на Мауро
“ посочи Ванда.

Икарди веќе почна
да погодува во дресот на ПСЖ, Аргентинецот досега реализираше седум погодоци во
исто толку и натпревари во сите конкуренции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×