Џака од поодамна
не е во добри односи со навивачите на Арсенал, ним не им стана јасно како поранешниот
фудбалер на Борусија Менхенгладбах стана капитен на тој тим во изборот на Унаи
Емери, одлука на шпанскиот фудбалски стратег која донесе голема дилема.
Швајцарецот вчера
беше повлечен од игра по еден час минат на теренот во градското дерби против
Кристал Палас кое заврши со резултат 2-2, иако домаќините имаа водство од 2-0,
на крајот се задоволија само со бод.
Иако требаше брзо
да излезе од теренот за да продолжи атакот кон голот на гостите и да не запре
налетот на „Топчиите“, Џака се движеше мошне споро кон аут линијата, а на себе
го навлече гневот на навивачите кои му упатија свирежи, по што следеше и негов
одговор со гестикулации кон гледалиштето.
Xhaka being subbed off pic.twitter.com/VIQsnhFBoC
— Matt (@MGH) October 27, 2019
Пред да влезе во
тунелот кон соблекувалната, медиумите на Островот пишуваат дека Џака коментирал
„о*јебете“, најверојатно алудирајќи кон навивачите, а веројатно овие моменти
доста емотивно ги поднесе Лукас Тореира.
Поранешниот
фудбалер на Аталанта беше уловен од страна на камерите со солзи во своите очи
во моментите кога беа бурните случувања околу неговиот соиграч и капитен на
тимот.
Моментот кога
Уругваецот пушти солзи го улови фотографот Стјуарт МекФарлан кој притоа на
социјалните мрежи ја долови ситуацијата, во која јасно се гледа и дека Ектор
Бељерин го теши Тореира.
„Не сакав да ги
објавам овие фотографии, меѓутоа чувствувам дека имам потреба да го сторам ова.
Ова е емотивната реакција на Лукас Тореира по свирежите кои Џака ги доби во
излегувањето од теренот, во солзи и скршен од болка. Апсолутна љубов и почит
кон својот капитен“ напиша фотографот.
class="twitter-tweet" data-lang="en">Didn't want to post these
pictures but felt I had to. This is Lucas Torreira's emotional reaction
to the abuse Granit Xhaka received after his substitution, in tears and inconsolable.
Absolute love and respect for his captain. pic.twitter.com/ijKOvwkYx2—
Stuart MacFarlane (@Stuart_PhotoAFC) October
28, 2019