Рибери се извини за глупоста која ја направи по мечот со Лацио

by
1 минути читање

По мечот меѓу Фиорентина и Лацио, Рибери физички го нападна помошниот судија Матео Пасери. Французинот знае дека го очекува суспензија поради тоа, па со извинувањето можеби се обидува да ја ублажи казната.

„Навистина ми е жал за минатата ноќ. Им се извинувам на моите соиграчи, на тренерот, на фановите. Исто така му се извинувам на господинот Пасери поради тоа што се случи по мечот, бев многу вознемирен и тажен, се надевам дека тој ќе може да го разбере моето однесување“, вели Рибери.

„Отсекогаш сакам да останам на теренот и да им помогнам на моите соиграчи бидејќи дојдов во Фиренца за овој град и овој клуб, и мислам дека Фиорентина треба да добие поголемо внимание, исто како што добиваат другите клубови, поради напорната работа која ја правиме секој ден“.

Од Лега Серија А потврдија дека Рибери добил црвен картон по мечот за своето однесување и веројатно ќе биде суспендиран на неколку натпревари. Казната допрва треба да биде соопштена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×