Елиф Елмас синоќа
беше стартер за Наполи, играше по десната крилна позиција, беше прилично незабележителен
и прв го напушти теренот во продолжението од мечот.
Тој доби критики
и лоши оценки од медиумите за играта која ја прикажа и начинот на кој ја
одработил улогата која ја добил. Mногумина сметаат дека вина за бледата
партија сноси и Карло Анчелоти, кој го играл Македонецот на погрешна позиција,
но стратегот не мисли така.
„Не го играв на
погрешна позиција. Не беше класично десно крило и замена за Каљехон. Играше во
средината десно, исто како што Фабијан играше во финалниот дел од натпреварот“ –
се правда тренерот на Наполи.
„По десната страна извршуваше само задолженија во одбраната, како што се
случува и секојпат“.
„Можеби Елмас
можеше да понуди многу повеќе во првиот дел, но тој е младо момче на кое треба
да му дадеме поддршка за правилно да се развие“.