Рибери може да добие голема суспензија поради потег по натпреварот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фиорентина загуби со 2-1 на свој терен од Лацио, Рибери предвреме беше изваден од игра, нервозата кај Французинот кулминираше по мечот.

По последниот свиреж на судијата, фудбалерите на Фиорентина ги опколија судиите и вербално се бунеа за дел од одлуките во финишот, но Рибери отиде чекор подалеку, тој имаше физички дуел со асистентот.

Од Лега Серија А потврдија дека на Рибери му е покажан директен црвен картон по мечот, а дополнително ќе биде утврдено колку мечеви ќе биде суспендиран.

Физичките контакти со судиите се сметаат за многу сериозен прекршок, па се верува дека Рибери ќе добие најмалку три меча суспензија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×