„Волчицата“ има огромни проблеми со повредите, но и покрај тоа испадна како победник во пресметката со Милан. „Росонерите“ во првиот меч под водство на Пиоли пружија добра партија против Лече на која останаа без триумф во финишот.
Сепак, вечерва Милан одигра под можностите и Пиоли го забележа првиот пораз.
Резултатот беше отворен во 38. минута кога по еден корнер Џеко се најде осамен на подалечната статива и со глава погоди за 1-0.
Тео Ернандез по десет минути игра во продолжението од мечот изедначи на 1-1, но Рома брзо се врати во предност. Заниоло во 58. минута убаво пласираше од врвот на шеснаесетникот за 2-1.
Милан се обиде да избегне пораз, притисна во финишот, имаше неколку прилики но резултатот остана непроменет.