Што се случува во Германија? Прими гол, а потоа со бокс удри противник каде што најмногу боли… (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Веројатно во
германскиот фудбалски шампионат како да се натпреваруваат кој ќе биде поголема
ѕвезда викендов, меѓутоа ѕвезда од комичен аспект.

Најпрво, веста за
тоа како еден фудбалер кој се загреваше крај линијата донесе пенал за противничкиот
табор, се рашири со брзина на светлината, но, тоа не е се
од возбудувањата во втората Бундеслига за
викендов.

Во Германија:Кореец му „кумуваше“ на еден од најбизарните пенали досега (ВИДЕО)

Карслуе и Хановер
одиграа возбудливо реми со резултат 3-3, а обете екипи постигнаа по еден гол во
судиското продолжение откако истекоа регуларните 90 минути игра, а особено
нервозен беше гостинскиот голман Рон-Роберт Зилер кој откако го прими израмнувачкиот гол,
се здоби со исклучување поради тоа што го стори.

Зилер веднаш штом
го прими голот со сета сила му удри бокс на противнички фудбалер, и тоа во
делот каде што боли најмногу, поточно во меѓуножјето, многумина велат дека тоа
било ненамерно, оставаме на вас да пресудите…

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/r4rq9hU5AO

class="twitter-tweet" data-lang="en">

pic.twitter.com/53MCZlE58k

Можно е и ова да ти се допаѓа

×