Балотели искрши камера, сопственикот револтиран: Сметката од штетата ќе ја испратам во Бреша

by
1 минути читање

Џенова на Пандев
славеше со 3-1 во дуелот на домашен терен против Бреша, иако гостите први
дојдоа до водство, во второто полувреме домаќинот направи целосен пресврт кој
во победа го потврди токму нашиот капитен со голот за 3-1.

Марио Балотели се
врати во „Серија А“, сезонава настапува за тимот на Бреша, меѓутоа со него во
Италија дојдоа и неговите стари навики, доста познати за јавноста, а се
однесува на неговиот карактер.

Балотели немаше
добро издание вчера, а беше повлечен од игра во 72. минута, налутен поради таа
одлука на тренерот Корини, уништил камера, а фотографот е доста лут по тој
потег на напаѓачот.

Кога Балотели
беше повлечен од игра, тој ја искористи камерата како фудбалска топка и ја удри
силно кон рекламното пано, момчето задолжено за топките крај линијата ме повика
веднаш за да ми објасни што се случи
“ пишува фотографот Масимо Ловати за
ситуацијата, тој инаку ја имал поставено својата камера веднаш до теренот на статив,
како што е вообичаено, а истата била контролирана од далечински управувач со 35
метарски кабел.

Кога ја видов
камерата, таа беше оштетена во голема мера, повеќе не работеше, замислете,
некој својата фрустрација ја лечи врз опрема со која некој заработува
“ додава
тој во објавата на социјалните мрежи.

Ова се многу
деликатни предмети кон кои не треба така да се однесува, револтиран сум, мора
да се има почит за луѓето кои работат и нивната опрема од која заработуваат

заврши тој притоа посочувајќи дека го конт
актирал директорот на Бреша, Повани,
и го известил околу инцидентот, предупредувајќи го дека сметката ќе ја испрати
токму до клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×