„Ѓаволите“
минатото лето започнаа со реконструкција на тимот и беа потрошени околу 150 милиони фунти на Хари Мегваер, Арон Ван Бисака и Даниел Џејмс. Оле Гунар Солшер сепак изјави дека
работите нема да се променат преку ноќ и медиумите шпекулираат дека Манчестер
јунајтед во следните две години планира да донесе уште најмалку шест играчи за
да креира тим кој ќе конкурира за титулата.
Според денешното
издание на Мирор, Ед Вудворд одобрил 125 милиони фунти за ангажман на Каи Хаверц
од Баер Леверкузен и Томас Милер од Баерн Минхен, зделки кои треба да се
реализираат летото во 2020.
Во веста која е
ексклузива, се вели дека Томас Милер треба да ја пополни дупката во нападот
која настана со заминување на Ромелу Лукаку и Алексис Санчез. Каи Хаверц пак на
Манчестер јунајтед ќе треба да му донесе креативност на средината, нешто што
често недостасува оваа сезона.
Мирор пишува дека
за талентот на „фармацевтите“ ќе бидат одвоени 80 милиони фунти, додека пак за
иконата на Баерн Минехн околу 45 милиони фунти.
Весникот исто
така направи и графички приказ на формацијата на Манчестер јунајтед со двајцата
Германци во тимот. Томас Милер го предводи нападот, а Хаверц ја има „10-ката“ и централниот дел од офанзивното трио во кое уште се Рашфорд и Џејмс. Интерсно е тоа што Пол
Погба е сместен во средниот ред со Мектоминеј, Французинот често се поврзува со
заминување од Олд Трафорд.
