Пулишиќ: Ова е нереално, каков ден за мене!

by
1 минути читање

Пулишиќ имаше тежок старт на кариерата во Челси, брзо го загуби местото во стартниот тим, а потоа ретко добиваше шанса и покрај тоа што е скапо засилување. Но во последните мечеви на кои влегуваше од клупата Американецот покажуваше дека местото повторно му е во стартниот тим.

Денеска доби шанса од почеток и блесна, постигна хет-трик во победата на Челси над Барнли од 4-2 и стана најмладиот играч на сините кој дал три гола на еден натпревар.

„Ова е нереално. Каков ден за мене. Уште посреќен сум поради резултатот. Сакав да не примиме и гол, но на крајот секако дека ова е посебен ден за мене“, изјави Пулишиќ по мечот кој си ја зема топката за спомен од натпреварот.

„Првите неколку месеци дефинитивно беа тешки. Стартував неколку пати на почетокот на сезоната но на крајот го загубив местото па се обидував да ја искористам секоја минута која ќе ја добиев за да имам влијание во мечот“.

„Во последните неколку недели почнав да покажувам дека можам да бидам влијателен, дека можам да му помогнам на тимот. Мислам дека тоа го виде тренерот и денеска ми даде место во стартниот тим“.

„Задоволен сум со прогресот кој го имам досега и се надевам дека од денес ќе тргнат работите напред за мене“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×