Кристијан Пулишиќ ги дочека своите минути во Челси, младиот Американец кој не добиваше многу шанса на почетокот од сезоната денеска блесна.
Тој ги даде првите три гола на натпреварот, а потоа погоди Вилијан за убедливо водство на Челси од 4-0. Во финишот Барнли со голови на Родригез и Мекнил намали на 4-2.
Пулишиќ стана најмладиот фудбалер на Челси кој постигнал хет-трик во Премиерлигата, тој го сруши рекордот на Абрахам од пред 42 дена.
Челси постигнал два гостински хет-трика во една сезона прв пат по 1997-98 кога Џанлука Вијали и Торе Андре Фло го направија тоа.
Интересно, сите од последните 10 хет-трика на Челси биле постигнувани од различни фудбалери.
Пулишиќ е само вториот американски фудбалер кој постигнал хет-трик во Премиерлигата, претходно тоа му успеало на Клинд Депси во дресот на Фулам против Њукасл во 2012 година.