185
По ремито на Јувентус во Лече, Интер со победа над Парма ќе се искачеше на лидерската позиција во Серија А, но тоа не се случи. Наместо триумф, одиграа нерешено со Парма.
А натпреварот почна одлично за Интер, веќе во 23 минута Кандрева постигна гол за водство од 1-0 кое не траеше долго.
Во 26. минута Каранох изедначи на 1-1, а само четири минути подоцна по една брза контра Жервињо погоди за комплетен пресврт и водство на Парма од 2-1.
По шест минути игра во второто полувреме Лукаку изедначи на 2-2 и донесе надеж дека може да се стигне и до победа, но и покрај сите обиди да се освојат трите бода мрежите во продолжението не се тресеа.