Хорхе Валдано
верува дека Раул има способност да стане шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид,
клуб каде играше речиси цела своја кариера, а истовремено и клуб каде запиша
голема историја, дополнително Валдано уверува дека Раул би донесол големи
резултати доколку му се укаже таква шанса.
„Мислам дека Реал
Мадрид во Раул би можел да го пронајде нивниот Гвардиола или Симеоне, особено
поради неговата персонификација како карактер“ вели Валдано, кој потоа се
надоврза и на шпекулациите кои за таа позиција ги поврзуваат со Жозе Мурињо и
Масимилијано Алегри.
„Мурињо, Алегри? Најпрво
почит за Зидан, а доколку говориме за иднината, никој не смее да го заборави
Раул, што воедно е најдоброто нешто од почит кон Реал Мадрид“ додава Валдано.
„Што се однесува
пак до фудбалерите, секогаш клубот купува квалитет и бара борба на теренот,
истиот случај беше со Раул, кој знае што значи да бидеш Мадридиста, а воедно
добро знае и што ги прави навивачите горди“ заклучи Валдано кој посочува дека
Раул може да го имплементира стилот на игра на „Кралевите“ кој мами воздишки
кај навивачите на тој клуб.