Јуве се „сопна“ на гостувањето кај Лече (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус одигра
реми со резултат 1-1 на гостувањето кај Лече во денешниот меч од деветтото коло
во „Серија А“, иако гостите први поведоа, кратко траеше нивната радост.

Откако во првото
полувреме мрежите мируваа на обете страни, Дибала во 50. минута погоди од пенал
за водство на „Бјанконерите“, водството го задржаа само шест минути.

Манкосу исто така
од пенал погоди за 1-1 во 56. минута, а во тој период беше поставен конечниот
исход на оваа пресметка.

Со овој бод
Јувентус во моментов останува лидер на табелата со 23 бода, два повеќе од Интер
кој со почеток од 18 часот на домашен терен ја пречекува Парма.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×