285
Бранителот на
шампионскиот трофеј во Премиерлигата, Манчестер Сити ја оправда фаворитската
улога во дуелот против Астон Вила на домашен терен, откако славеше со убедливи
3-0, меѓутоа гостите беа одлични во првиот дел кој заврши без погодоци.
Стерлинг по само
една минута игра во вториот дел погоди за почетно водство на „Граѓаните“, кои
веќе во 65. минута со голот на Де Брујне го дуплираа водството на 2-0, а во 70.
минута Гундоган ги реши сите дилеми поставувајќи го конечниот исход на средбата
на 3-0.
Со овие три бода
тимот на Пеп Гвардиола сега е на минус три бода во однос на лидерот Ливерпул
кој утре на домашен терен игра дерби пресметка со Тотнем.