Бербатов за можноста Мурињо да се врати во Реал: Тој еднаш се врати во Челси, а резултатите…

by
1 минути читање

Димитар Бербатов
застана во одбрана на Зинедин Зидан кој се соочува со голем притисок на клупата
на Реал Мадрид по очајните изданија на шпанскиот гигант во новата сезона, Бугаринот
смета дека на Французинот му е потребно време, а опцијата Жозе Мурињо не е баш
добра идеја според него.

На луѓето не им
е потребно многу за да почнат да критикуваат, а воедно и да кажат дека тој не е
доволно добар. Зидан освои три титули во Лигата на шампионите во низа, сите
знаеме што може тој да постигне
“ рече Бугаринот.

Ми се допаѓа
како работи Зидан, тој е млад тренер и мислам дека Реал Мадрид треба да му даде
повеќе време за резултатите да дојдат потоа
“ додава Бербатов кој потоа се
осврна и на шпекулациите кои го поврзуваат Жозе Мурињо со враќање на клупата на
„Кралевите“.

Мурињо се врати
еднаш во клуб, тоа го стори со Челси, а работата не одеше според планот
“ посочи
Бербатов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×