Шпанскиот весник
„Спорт“ тврди дека Интер е веќе во преговори со Барселона околу можноста да ги
засили своите редови со Иван Ракитиќ, меѓутоа италијанскиот прволигаш има
посебно барање во однос на цената на Хрватот.
Според
информациите кои ги објави весникот, се вели дека Интер бараат да се намали
цената на Ракитиќ која неофицијално, од страна на Барселона е поставена на 35
милиони евра.
31 годишниот
Ракитиќ е во втор план кај Валверде во тимот од „Камп Ноу“, веројатно е дека ќе
си замине уште во јануарскиот преоден рок, а претставници на „Нероаѕурите“ веќе имале средба со колегите од
спротивниот табор минатата седмица за да дискутираат околу ситуацијата со
Ракитиќ.
Се верува дека во
Интер сметаат дека бараните 35 милиони евра од страна на Барселона се голем
влог за нив, па така Италијанците наводно ќе сочекаат да видат дали ќе изборат
место во топ 16 од Лигата на шампионите, нешто што ќе им донесе „финансиска
инјекција“ во клупската каса.