Шефот на
стручниот штаб на Тотнем, Маурицио Покетино признава дека е загрижен околу
учеството на Премиерлигашот во новиот документарец на „Амазон“, алудирајќи дека
сето тоа влијае на резултатите на тимот, кои воедно се близу очајни во новата
сезона.
Програмата се
однесува на сличен формат како оние претходни документарци каде во „главна
улога“ беа Манчестер Сити, Лидс, како и Борусија Дортмунд. Снимањето веќе е
започнато со согласност од Покетино, меѓутоа тој сега се шегува на тоа дека би
морал да ја има титулата ‘продуцент’ за останатото за што е негова
одговорност.
„Кога клубот се
согласи на договор со „Амазон“, секако дека ние бевме загрижени за тоа“ рече
Аргентинецот, алудирајќи на себе и неговиот стручен штаб.
„Загрижени бевме
бидејќи тоа не е воопшто лесно, тешко е да имате камера во вашата канцеларија,
а потоа да се увиди како се справувате со ситуацијата, да имате капацитет да
речете: ‘Ок, не сум во добро
расположение, меѓутоа некогаш камерата ќе биде таму’. Тоа е доста комплицирано, тоа е дополнително
нешто кое е загрижувачко и за што треба да се обрне внимание исто така“ додава
тој.
„Доколку ние
бевме зафатени, сега сме супер-зафатени. Да ги планирате сите активности секој
ден, не е лесна работа. Токму затоа, би можел да ви кажам дека се чувствувам
како да не сум повеќе тренер, јас сум всушност тоа, меѓутоа сега сум и како
продуцент, значи во моментов обавувам три функции, тренер, менаџер и продуцент“
посочи Покетино.
Додека кај
Покетино се јавува загриженост за целокупната ситуација со неговиот тим, постои
ризик формата на фудбалерите на „Спарси“ да не се подобри во продолжението од
сезоната во Премиерлигата, меѓутоа тоа е нешто што Аргентинецот го прифаќа.
„Тоа ќе биде
целосно реално, ова наликува како на периодот кога ја почнавме книгата (Одвнатре
во тимот на Покетино, 2017) една сезона. И тогаш беше исто, постоеше ризик, а
најважното нешто е да ја живеете реалноста, а не да се обидете да ги промените тие
работи на нереално нешто, исто како и со книгата, се надевам дека ќе има
хепи-енд“ заклучи Покетино кој потенцираше дека постои надеж дека крајот ќе
биде среќен за тимот од Лондон.