На двете најголеми победи во Премиерлигата, една фамилија го чувала голот на победничкиот тим!

by
0 минути читање

Лестер ја оствари највисоката гостинска победа во историјата на Премиерлигата откако го совлада Саутемптон на Сент Мери со 9-0.

Тоа е и највисоката победа во Премиерлигата воопшто, но таква, само на домашен терен има и Манчестер јунајтед, тие со 9-0 го имаат совладано Ипсвич во 1995 година.

Интересен е фактот дека кога Манчестер јунајтед ја остварил таа победа, Питер Шмајхел бил голман, а сега кога Лестер го изедначи тој рекорд неговиот син, Каспер Шмајхел го бранеше голот на победникот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×