Гигс: Роналдо или Меси? Би сакал да кажам Кристијано, но нема споредба помеѓу двајцата

by
1 минути читање

Рајан Гигс имаше интервју со ДАЗН, разговараше на многу теми, а го доби и неизбежното прашање, кој е подобар, Кристијано Роналдо или Лео Меси?

Велшанецот долги години ја делеше соблекувалната со Португалецот на Олд Трафорд, вели дека од прва рака го следел прогресот на ЦР7, но и покрај тоа го одбра Аргентинецот.

„Да се избере едниот или другиот е навистина тешко. Би сакал да кажам Кристијано бидејќи играв со него и гледав како се развива како фудбалер, но Меси е гениј. Тој е играч кој го гледате еднаш во животот. Тешко е да се направи избор, би сакал да го одберам Роналдо, но нема споредба помеѓу двајцата“ – вели Рајан Гигс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×