Медиумите регистрираа нешто чудно на тренингот: Што се случува помеѓу Емери и Озил? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

31 годишниот
Месут Озил од поодамна е изоставен од плановите на Унаи Емери, а Германецот
беше изоставен и од последните четири меча на „Топчиите“, а откако истото се
случи и на гостувањето кај Шефилд Јунајтед каде Арсенал забележа минимален
пораз, дојде до кавга на тренингот.

Тензична беше
средбата помеѓу Озил и Емери за време на вчерашниот тренинг, а репортерите
уловија и чудна конверзација помеѓу нив двајца која наликуваше на еден вид
кавга.

Откако обајцата
беа затекнати од репортерите во чудната конверзација, тие се одвоија од групата
и продолжија насамо да разговараат, по што Озил се врати кон останатите свои
соиграчи.


Озил инаку имаше
и реакција на социјалните мрежи, каде упати криптична порака, објавувајќи
фотографија како се смее, а неговиот коментар под таа објава гласеше
: Вие ме правите да се смеам…“, веројатно алудирајќи на шпекулациите кои почнаа веднаш по ситуацијата од тренингот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×