Меси изедначи рекорд на Роналдо, а забележа и постигнување со кое никој друг не може да се пофали (ФОТО)

by
1 минути читање

По повредата
поради која го пропушти стартот на сезоната, Лео Меси полека влегува во голгетерска
форма. Тој вечерва по само три минути игра ја затресе мрежата на Славија Прага
и донесе предност за Барселона.

Шампионот на
Чешка беше 33-та жртва на Аргентинецот во Лигата на шампионите, па Лео Меси се
изедначи со Раул и Роналдо, кои исто така имаат стрелано против 33 различни
клубови.

Овој гол му
донесе уште едно постигнување на Лео Меси, напаѓачот е единствениот фудбалер
кој може да се пофали дека постигнал гол 15 сезони во низа во најелитното
европско натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×