Мота: Играч како Пандев е важен елемент за секоја група фудбалери, мило ми е што го имам

by
1 минути читање

Серијата лоши
резултати придонесе Џенова да го менува тренерот, Аурелио Андреацоли доби отказ
а на негово место беше именуван Тијаго Мота, кој не може да се пофали со големо
искуство. Бразилецот со италијански пасош по крајот на кариерата кратко
работеше со У19 тимот на ПСЖ и од малото време поминато како тренер најмногу
се памети неговата изјава дека сака да игра во формација 2-7-2.

Тој денеска се
појави пред новинарите, ги кажа своите идеи и што очекува од фудбалерите на
Џенова.

„Голема чест ми е
што се вратив, ова е огромна шанса. 
Доволно беше со Прециози (првиот човек на Џенова)
да се погледнеме во очи за да се договориме.
Ситуацијата е тешка, но убеден сум дека со
напорна работа ќе можеме да излеземе на прав пат. За овој дрес, секој ден
мораме да го даваме максимумот“
– вели Тијаго Мота.

„Имам многу идеи,
но најважно е момците да мислат само на фудбал и како тоа да го остават срцето на
терен. Во очите на играчите гледам дека се подготвени за предизвикот“.

„Моите зборови за
тактиката 2-7-2 секој може да си ги протолкува како сака. Кога го кажав тоа,
сакав само да нагласам дека бројките и не се толку важни. Според мене, се е
релативно. Можете да играте со петмина во одбраната, но да бидите прилично
офанзивни доколку овие играчи се проактивни“.

Тијаго Мота потоа
доби прашање за Горан Пандев, со кого
играше во Интер и заедно беа дел од составот кој испиша историја и ја освои
тројната круна.

„Пандев беше, и
се уште е голем играч. Мило ми е што го имам во составот. Тој има одличен
карактер и играч како него е важен елемент за секоја група фудбалери“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×