Наполи вечерва
гостува кај австриски Салцбург во третото коло од групите во Лигата на
шампионите, а „моторот“ на тимот на Карло Анчелоти е под радарот на повеќе
европски гиганти, ќе се следи и неговото вечерашно издание.
Реал Мадрид,
Барселона и Манчестер Сити под будно око ги следат настапите и изданијата на
Фабиан Руиз за Наполи, пренесе „Гардијан“ кој притоа додаде дека англискиот
првак вечерва ќе има и скаути во Австрија.
Претседателот на
Наполи, Аурелио Де Лаурентис вели дека само една сума би го предомислила за да
го продаде фантастичниот Шпанец кој игра во неверојатна форма.
„Платив само 30
милиони евра за Фабиан, тој е фантастичен фудбалер, а доколку пристигне некоја
понуда од страна на европските гиганти во висина од околу 180 милиони евра, ќе
можеме да разговараме за евентуална продажба“ посочи Де Лаурентис.
Одредени медиуми
пренесоа дека спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал минатиот месец
лично отпатувал во Неапол за да ја проследи играта на Фабиан против Лече, а
воедно да го нотира изданието на фудбалерот од средниот ред.