Фудбалерот од
средниот ред на Каљари, Раџа Наинголан признава дека би сакал да биде предводен
од страна на Антонио Конте, новиот тренер на Интер, клуб од каде се врати во
тимот на Каљари изминатиот летен преоден рок.
Белгиецот можеше
да се пресели во Челси заедно со Антонио Конте претходно, а токму поради таа
можност од минатото на големо изненадување дојде неговата позајмица во Каљари
во август откако Конте го презеде кормилото на „Нероаѕурите“.
„Премногу би
сакал да бидам трениран од него, имав можност еден месец да ги испочитувам
неговите идеи и желби“ посочи Наинголан.
„Тој беше многу
прецизен и директен, отворено ми посочи дека нешто не е во ред“ додава
Белгиецот за кратката соработка со Конте во Интер.
„Во текот на
претсезонските подготовки, тој ме тргна настрана за да ми објасни колку бил луд
по мене и истовремено ме посакувал во Челси, меѓутоа тоа беше одлука која беше
донесена од страна на клубот и исто така споделена до него“ додава тој.
„Тоа ми го посочи
директно уште во првиот ден, јас почитувам луѓе кои ви ги кажуваат работите
отворено и директно во лице“ заклучи Наинголан.