„Билд“ пренесе
дека Жозе Мурињо би можел да седне на клупата на Борусија Дортмунд, откако
германскиот бундеслигаш е веќе во контакт со португалскиот фудбалски стратег
околу можноста тој да го наследи Лусијан Фавре на таа позиција.
Се’ поизвесно е враќањето на Португалецот како
тренер, откако тој од поодамна е без ангажман на таква функција по отказот кој
го доби во Манчестер јунајтед, а веројатно е дека „Милионерите“ би биле негов
атрактивен избор, особено што станува збор за екипа која редовно настапува во
Лигата на шампионите, а притоа има и квалитетен состав кој може да парира за
големи резултати.
Германскиот
весник притоа додава дека Португалецот веќе почнал да учи германски јазик, па
истиот медиум посочува за тоа дека иако позицијата на Фавре е речиси сигурна во
моментов, сепак клубот од Дортмунд посакува да има „поголема слика“ на клупата.
„Билд“ наведува
дека Мурињо е првиот избор на Борусија Дортмунд, а наводно Португалецот веќе е
во постојана комуникација со Ханс-Јоаким Вацке, извршниот директор на клубот.
Борусија Дортмунд
новата сезона ја стартуваше со четири победи, три ремија и еден пораз во
Бундеслигата, а таму пак толку е неизвесно во однос на врвот на табелата, што
разликата помеѓу 11-тиот и првиот е само пет бода.
„Милионерите“
притоа имаа и одличен старт во новата сезона во Лигата на шампионите, бележејќи
победа кај Славија Прага, односно реми пред своја публика против Барселона,
вечерва во третото коло играат на гости кај Интер.