На Зидан му дојде преку глава од шпекулациите со Мурињо: Луѓето забораваат на успесите од минатото

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан смета дека шпекулациите кои Жозе
Мурињо го поврзуваат со клупата на „Кралевите“, односно неговата позиција, е
загрижувачко, а тоа Французинот го изјави за време на пресконференцијата во
пресрет на дуелот против Галатасарај во Лигата на шампионите.

Зидан е под голем
притисок изминатиов период, особено поради лошите резултати кои Реал Мадрид ги
прикажува, се чини дека алармот се вклучи по поразот кај Мајорка во Примера, а
во Лигата на шампионите тимот на Зизу досега има само еден освоен бод од два
меча, се чини дека во Истанбул неговите избраници немаат право на грешка.

Во фудбалот,
луѓето забораваат што си сторил во минатото, најважното нешто е сегашноста, не
можам да кажам дека тоа не ме вознемирува во однос на тоа што се пишува околу
останатите тренери, бидејќи ме вознемирува
“ вели Зидан.

Но, тоа што јас
треба да го сторам како тренер е да дадам максимум од себе, а истото да го
пренесам и на фудбалерите, да дадат максимум од себе, тоа е се
што можам јас да сторам“ додаде
францускиот фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×