Барса го ангажираше Французинот на почетокот од јули со активирање на откупната клаузула вредна 120 милиони евра. Сепак, Атлетико се побуни и побара додатни 80 милиони евра, „колчонероси“ тврдеа дека имаат докази кои покажуваат дека „каталонците“ се договориле со Антоан Гризман уште во март месец, кога откупната клаузула на напаѓачот изнесувала 200 милиони евра.
Според пишувањата на Ел Мундо, двата клуба вонсудски ги надминале недоразбирањата, шампионот на Шпанија си купил мир со 15 милиони евра.
Барселона со оваа сума на пари се осигурала дека Атлетико нема да ги сподели во јавноста спорните мејлови, а „каталонците“ исто така добиле и прва опција за пет играчи, помеѓу кои и двете големи ѕвезди Саул Нигез и Хосе Хименез.
Доколку овие фудбалери се најдат на трансфер пазарот и Атлетико реши да ги продаде, Барселона ќе може да ја изедначи било која понуда и да дојде до нивните потписи