Во последниот натпревар од 9. коло во Премиерлигата, Шефилд јунајтед со 1-0 славеше против Арсенал. „Топчиите“ имаа уште едно очајно издание во гости, понудија премалку, а домаќините со машка и пожртвувана игра стигнаа до три бода.
Клучниот момент на мечот се случи по половна час игра. Од корнер, топката беше нафрлена на подалечната статива, О’Конел спушти пред голот каде Мусе осамен рутински ја затресе мрежата на Лено.
Само неколку минути пред водството на домаќините, Арсенал имаше 100% шанса, но рекордното засилување Пепе промаши зицер од пет метри.
На мечот имаше и спорен момент и очигледен пенал за „топчиите“ поради влечење, но ниту судијата Мајк Дин се огласи ниту пак беше корегиран од ВАР собата.