Манчестер Сити ќе му понуди астрономски договор на Стерлинг, бројките се фасцинантни

by
1 минути читање

Англискиот
првак  Манчестер Сити сака во целост да
ги реши и најмалите можности првата ѕвезда на тој состав, Рахем Стерлинг да си
замине во блиска иднина, па така, според информациите кои доаѓаат од Островот,
се вели дека „Граѓаните“ ќе му понудат нов договор на англискиот
репрезентативец со неверојатни цифри во истиот.

Се верува дека во
Манчестер Сити се децидни во намерата да го задржат Стерлинг на подолг рок, па
така ќе му понудат неверојатна плата од 450,000 фунти на неделна основа, а сево
ова доаѓа по зачестените шпекулации во кои Англичанецот се поврзуваше со можен
трансфер во Реал Мадрид.

„Сандеј Експрес“
тврди дека Манчестер Сити со тоа ќе му ја зголеми платата на Стерлинг за цели
50%, а со тоа ќе се оддалечи Реал Мадрид од евентуална трка за неговиот потпис.

Како за
потсетување, во септември „Ел Мундо Депортиво“ пренесе дека спортскиот директор
на „Граѓаните“, Чики Бегиристаин стравува од интересот за Стерлинг, па планира
освежување во условите на договорот за Стерлинг.

„Д Атлетик“
претходно пренесе дека претставниците на Стерлинг веќе имале средба со
генералниот директор на Реал Мадрид, Хозе Анхел Санчез изминатото лето.

Како и да е, се
верува дека Стерлинг е среќен и комфорен во тимот на Манчестер Сити, практично
и од влијанието на Пеп Гвардиола кој донесе фудбал по негова мерка во
изминатите неколку сезони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×