341
Солшер откако стави потпис на перманентниот договор со Манчестер јунајтед има катастрофален учинок. На вчерашната емисија на „Скај Спортс“, Мурињо на посебен начин ја прокоментира работата на младиот стратег.
„Ќе се обидам да најдам работа каква што има Оле во моментов, а тоа е цело време да зборувам за иднината, а не за сегашноста“, вели Мурињо.
„Мислам дека тоа е одлична ситуација. Тој има тригодишен договор, и зборува за иднината и младите фудбалери“.
„И само на крајот од неговите пораки ќе спомне дека резултатите се важни. Мислам дека тоа е одлично да го правиш во гигантски клуб каков што е Манчестер јунајтед“.