Ливерпул остана краток за рекордите на Сити и Челси, ВАР и Манчестер јунајтед ги сопреа „црвените“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Серијата на
Ливерпул е прекината, клубот од Енфилд беше на една победа до два рекордни
односно 18 победи во низа (во сопственост на Манчестер Сити) и девет победи на
стартот од сезоната (во сопственост на Челси) но остана краток откако вечерва одигра 1-1 на Олд Трафорд.

Манчестер
јунајтед поведе по една контра во 36. минута од мечот, Рашфрод погоди за 1-0 но
веројатно голот требаше да биде поништен. На зачетокот од акцијата имаше
прекршок над Ориги, но судијата Еткинсон не досуди ништо, а не ја промени
одлуката ни по консултацијата со ВАР. Тој сепак го послуша советот на ВАР во
финишот од првиот дел кога Мане изедначи на 1-1. Топката го удри Сенегалецот во
рака и според новите правила, секој гол кој ќе падне по игра со рака мора да се
поништи.

„Ѓаволите“ долго
време одолеваа на фаворитот, но одбраната на Манчестер јунајтед уште еднаш
киксираше, Лалана остана сам по една нафрлена топка на Робертсон и Англичанецот
погоди за 1-1 во 85. минута од мечот.

Ливерпул потоа
притисна за триумф, имаше неколку
полу-шанси а во завршните мигиви и барања за пенал откако Фред ризикуваше при
обидот да блокира, но за среќа на Бразилецот и домаќините, топката го погоди во
раме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×