Норвежанецот на
привремена основа седна на жешкото сотлче на Олд Трафорд во декември месец
минатата година по отказот на Жозе Мурињо, за кратко време го врати клубот на
побендички патеки, па доби доверба од управата и договор да ги води „ѓаволите“
во следните три сезони.
Но поразите
почнаа да се редат кон финишот на минатата сезона, а Манчестер јунајтед игра
под очекувањата и на стартот од новата. Со 9 бода од 8 кола, „ѓаволите“ го има најлошиот старт во последните 30 години, во
моментов се на само два бода над зоната за испаѓање, и постојат шанси овој
викенд да паднат на дното на табелата.
Во пресрет на
големото дерби помеѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, статистичарите извадија
еден податок кој вели дека не било се така црно. Оле Гунар Солшер има подобра
статистика од онаа на Јирген Клоп кога Германецот го превзеде Ливерпул.
Во првите 29 меча
на Јирген Клоп на кормилото на „црвените“, тој забележал 13 победи, 8 ремија и
8 порази, додека пак Оле Гунар Солшер како тренер на Манчестер јунајтед има 14
победи, 7 ремија и 8 порази.
Interesting #MUFC #LFC #Solskjaer #Klopp pic.twitter.com/zStYk3IEWd
— . (@media_beyond) October 17, 2019
Ливерпул беше
трпелив со Јирген Клоп, па Германецот го трансформираше тимот во еден од
најдобрите во Англија и Европа, лани до последно коло се бореше за титулата во
Премиерлигата и го освои трофејот од Лигата на шампионите.
Оваа податоци
му беа презентирани на Оле Гунар Солшер на денешната прес конференција, и
Норвежанецот рече: „Не ме интересираат статистиките. Јас само си работам по
планот, се обидувам да го подобрам тимот, се обидувам да направам нешто, чувствувам
дека се движиме во права насока но потребни ни се добри резултати и очекувам
играчите да истапат и да покажат зошто го носат дресот на Манчестер јунајтед“.