Саул на радарот на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигез се наоѓа на листата на желби кај
Манчестер јунајтед за засилувања во 2020. година, според информациите кои ги
објави „АС“.

Шпанскиот
фудбалер е еден од шестемина кои се на таа листа на посакувани фудбалери кај „Црвените
ѓаволи“, кои се очајни во своите намери да го реконструираат тимот за подобри
резултати во иднина, бидејќи сегашните се доста лоши, а истите донесоа и голем
притисок на грбот на Оле Гунар Солшер.

„АС“ пишува дека
Саул сепак не е приоритетен за Манчестер јунајтед, споредбено со останатите
фудбалери кои се на таа листа, како напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ,
меѓутоа се нагласува дека Шпанецот постојано е мониториран од страна на
Премиерлигашот.

Претходно, Саул
често се споменуваше како опција и за Манчестер Сити, и тоа за изминатиот летен
преоден рок, меѓутоа од Атлетико Мадрид не сакаа ниту да слушнат за сума под
откупната клаузула на фудбалерот која изнесува 150 милиони евра.

24 годишниот Саул
потпиша осумгодишен договор со „Јорганџиите“ пред самиот старт на ланската
сезона, и покрај големиот интерес за неговите услуги од повеќе европски
гиганти, меѓу кои се споменуваше и Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×