254
Поради комплексната социо-политичка состојба во Каталонија по одлуката на Врховниот суд и изречените затворски казни на каталонските политичари кои го ораганизираа референдумот за независнот, Ла Лига стравувајќи за безбедноста вчера побара да се направи „рокада“ на дуелите помеѓу Барса и Реал и првото „Ел класико“ оваа сезона да се игра во Мадрид наместо на Камп Ноу.
Двата клуба веднаш го одбија предлогот, но одлуката е во рацете на комитетот за натпреварување. Последните информации велат дека мечот дефинитивно нема да се игра на Сантијаго Бернабеу, но најверојатно ќе биде одложен.
Се бара решение и опција се два термини, односно 4 и 18. декември.